Украинските амбасади добија „крвави пакети“ со животински очи         Фото: Ројтерс 

Неколку украински амбасади во странство, вклучително и амбасадата во Загреб, добиле „крвави пакети“ со животински очи, соопшти во петокот украинското Министерство за надворешни работи.

Пакетите, натопени во течност со карактеристична боја и мирис, се испратени до украинските амбасади во Унгарија, Холандија, Полска, Хрватска и Италија, генералните конзулати во Неапол и Краков и конзулатот во Брно, објави на Фејсбук портпаролот Олег Николенко.

Овој инцидент следи по серијата писма-бомби испратени на различни адреси во Шпанија, вклучувајќи ја и украинската амбасада во Мадрид.

TRT Balkan / агенции
Популарни