УНРВА им дели брашно на палестинските бегалци во Рафа / Photo: AA

Агенцијата на Обединетите нации (ОН) за помош на палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА) им подели брашно на жителите на Газа што се засолнети во градот Рафа.

Во Појасот Газа продолжува борбата за опстанок на Палестинците кои мораа да ги напуштат своите домови поради израелските напади.

Стотици илјади Палестинци не можат да ги задоволат своите основни потреби поради тековните израелски напади и блокади.

УНРВА се обидува да обезбеди помош во храна за луѓето во регионот и покрај тоа што неколку западни земји ја повлекоа својата финансиска поддршка за организацијата.

Досега САД, Италија, Австралија, Канада, Велика Британија, Франција, Финска и Јапонија одлучија да го прекинат финансирањето на Агенцијата на ОН.

УНРВА е главен снабдувач со храна, вода и засолниште за цивилите во Газа за време на конфликтот.

И покрај наредбата на Меѓународниот суд на правдата (МСП) за спречување на актите на геноцид во Газа, Израел продолжува со нападите на територијата на која се убиени повеќе од 26.000 луѓе, главно жени и деца, а над 80 отсто од населението е раселено и му се заканува глад.

TRT Balkan / агенции
Популарни