Турско-американскиот национален управен комитет (TASC) вчера постави 251 пар чевли на „Тајмс сквер“ во Њујорк во знак на сеќавање на оние кои беа убиени за време на обидот за државен удар во Туркије (Турција) на 15 јули 2016 година.
На настанот насловен „Последната прошетка“ беа изложени чевли на загинатите граѓани на Туркије кои се бореа против пучистите во ноќта на неуспешниот обид за државен удар на 15 јули.
ТАСК им изрази сочувство на семејствата на жртвите, за кои рекоа дека ја бранат слободата и демократијата во Туркије.
Терористичката организација ФЕТО и нејзиниот лидер Фетула Ѓулен со седиште во САД го организираа поразениот пуч во 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а 2.734 беа повредени.
ФЕТО стои зад долготрајната кампања за соборување на државата преку инфилтрација во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.
Следниот месец се навршуваат пет години од обидот за пуч.
Туркије го одбележува 15 јули како Ден на демократијата и националното единство со настани на национално ниво и комеморација за оние кои ги загубија животите победувајќи ги пучистите и за сеќавање на храброста на нацијата.
ТАСК, исто така, соопшти дека турските граѓани сакаат американската Влада да ги повика Ѓулен и неговите пријатели на одговорност за крвавиот обид за пуч.