Уште две писма со бомби во Шпанија, едно во воздухопловна база

Уште две писма со бомби во Шпанија, едно во воздухопловна база

Писмо со бомба пристигнало и кај производител на оружје во Сарагоса, соопшти полицијата.
Шпанските безбедносни сили пронајдоа експлозивна направа во пратка до воздухопловната база во Торехон де Ардос, во близина на Мадрид.       Фото: Ројтерс

Шпанските безбедносни сили пронајдоа експлозивна направа во пратка до воздухопловната база во Торехон де Ардос, во близина на Мадрид.

Во текот на вчерашниот ден писмо со бомба пристигнало и до производителот на оружје во Сарагоса, на северот на Шпанија, соопшти полицијата.

Претходно како што објави Ројтерс шпанската полиција соопшти дека вработен во украинската амбасада во Мадрид бил повреден во експлозија што се случила додека тој ракувал со писмо.

Според полицијата, вработениот се здобил со лесни повреди, а самиот отишол во болница. Амбасадата на Украина во Мадрид не била веднаш достапна, објави Ројтерс.

Шпанските власти објавија дека писмо со слични обележја како она кое експлодира во украинската амбасада во Мадрид било упатено и до шпанскиот премиер Педро Санчез. (

TRT Balkan / агенции
Популарни