Украинската нуклеарна централа Запорожје во минатата недела беше исклучена од мрежата на земјата за првпат во нејзините речиси 40 години работа. Истакнувајќи ја опасноста што ја претставува, украинскиот претседател Владимир Зеленски рече дека светот за влакно избегнал „катастрофа со радијација“.
Според Статиста, Запорожје е нуклеарна централа која се состои од шест реактори и нето капацитет од 5.700 мегавати кога е целосно оперативна. Таа е најголемата нуклеарна централа во Европа. Покрај големата загриженост во врска со тековниот ризик од нуклеарна катастрофа постои и суштински проблем со кој се соочува Украина се додека реакторите се затворени, исклучени од мрежата или под руска контрола.
Според Статиста, нуклеарната енергија придонесува за производство на електрична енергија во Украина повеќе од кој било друг извор, со 76 милиони мегават часови произведени во 2020 година - пред фосилните горива (51 милиони мегават часови) и далеку пред обновливите извори (9 милиони мегават часови) .
Целиот капацитет на Запорожје, исто така, ја става далеку пред другите централи во земјата. Со исклучувањето на Запорожје, со шест од вкупно 15 реактори на сите локации, Украина се соочува со многу сериозен проблем со снабдувањето со енергија.