Со цел ослободување од зависноста од рускиот гас, главниот австриски град Виена одлучи да инвестира во обновливи извори на енергија и да ја забрза реализацијата на постоечките проекти.
На тој начин Виена треба да ја добие најголемата соларна електрана во Австрија.
Експертски тим предложил конкретни мерки за воспоставување енергетска безбедност во Виена.
Клучна точка е дека планираните проекти за проширување на производството на струја од обновливи извори треба да се реализираат пред време.
Со тоа треба локалното производство на енергија за идната зима значително да се подобри и да ја намали зависноста од руски гас.
„Веќе се подготвуваме за претстојната зима. Со капацитет за складирање на гас од повеќе од 92 отсто и делумно искористување на мазутот во електраните, уверени сме дека добро ќе ја пребродиме зимата. Но, подготвувањето за зимата во 2023 година останува голем предизвик“, велат од градот Виена.
Одлучено е проширувањето на соларните капацитети на поранешната депонија во 22-та област во Виена да се прошири пред предвиденото.
Тие капацитети ќе можат да снабдуваат околу 7.400 домаќинства.
Со инвестициите во обновливи извори на енергија градот Виена продолжува и со планот за заштеда на енергијата.
За тие цели објавен е и правилник за јавните установи, во кој се наоѓаат совети за исправно греење, проветрување или осветлување.