Многу луѓе сè уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачките тимови не можат да стигнат до нив / Photo: Reuters

Најмалку уште 71 Палестинец се убиени во немилосрдните израелски напади во Појасот Газа, зголемувајќи го билансот на 44.056, објави денес Министерството за здравство во енклавата.

Министерството наведе дека во нападите, кои започнаа на 7 октомври минатата година, повредени се најмалку 104.268 Палестинци.

„Израелската окупација изврши пет масакри на семејства во последните 24 часа во кои убиени се 71 лице, а 176 се повредени“, соопшти Министерството.

„Многу луѓе сè уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачките тимови не можат да стигнат до нив“, додаде Министерството.

Израелската Армија ја продолжи геноцидната војна врз Појасот Газа по нападот на Хамас минатата година, и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на ОН која повикува на итен прекин на огнот.

Меѓународното признавање на геноцидот во Газа се зголеми во втората година од смртоносната израелска војна, бидејќи организациите и лидерите ги дефинираа настаните како намерен обид за уништување на населението.

Израел се соочува со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите постапки во Газа.

AA
Популарни