Проруските демонстранти во своите говори се противеа на помошта во оружје на Германија за Украина и ја критикуваа растечката инфлација во земјата.     Фото: АА

Додека група од близу 1.000 луѓе одржа демонстрации за поддршка на Русија, која војува против Украина, во градот Келн во Германија, повеќе од 200 луѓе протестираа против демонстрантите и извикуваа слогани во полза на Украина.

Промосковските приврзаници се собраа на плоштад во центарот на Келн, носејќи руски и германски знамиња. Проруските демонстранти во своите говори се противеа на помошта во оружје на Германија за Украина и ја критикуваа растечката инфлација во земјата.

Демонстрантите, кои маршираа со транспаренти и плакати во раце, со пароли ја поддржаа Русија и претседателот Владимир Путин.

На другата страна, групата „Келн против десницата“, која се собра на плоштадот Курт-Хакенберг, одржа контрапротест.

Групата бараше Русија, за која наведоа дека неправедно ја нападна Украина, да се повлече од територијата на Украина и да се заврши војната.

Двете групи не се соочија бидејќи полицијата презеде опсежни безбедносни мерки.

Демонстрациите се завршени без инциденти. Меѓутоа, приведени се три руски приврзаници кои се пуштени откако се проверени податоци за нивниот идентитет.

TRT Balkan / агенции
Популарни