Во Нов Зеланд за првпат има повеќе жени од мажи во Парламентот

Во Нов Зеланд за првпат има повеќе жени од мажи во Парламентот

По најновите промени, во државниот парламент сега се наоѓаат 60 жени и 59 мажи.
Зградата на Парламентот на Нов Зеланд во во Велингтон     Фото: Ројтерс

Првпат во историјата на Нов Зеланд бројот на жени во Парламентот го надмина бројот на мажи.

Откако поранешниот претседател на парламентот Тревор Малард го напушти парламентот и го презеде местото амбасадор во Ирска, а Сораја Пек-Масон од Лабуристичката партија стана нов член на државното законодавно тело, жените сочинуваат мнозинство во парламентот на Нов Зеланд.

По најновите промени, во државниот Парламент сега се наоѓаат 60 жени и 59 мажи.

„Мислам дека денес е посебен ден за мене, но и историски за Нов Зеланд“, рече Пек-Масон во изјава за медиумите.

Според податоците на Интерпарламентарната унија (ПАБ), Нов Зеланд сега се наоѓа меѓу шест држави со најмалку 50 отсто жени во парламентот.

Освен во Нов Зеланд, жените се мнозинство уште во Куба, Мексико, Никарагва, Руанда и Обединети Арапски Емирати.

Според најновите податоци, жените сочинуваат околу 26 отсто членови на парламентите во земјите ширум светот.

AA
Популарни