Во Пакистан е прогласена вонредна состојба поради монсунските дождови.
Според веста во националните медиуми, бројот на лица кои ги загубија животите во обилните врнежи што од 14 јуни продолжуваат низ целата земја, се зголеми на 937.
Од вкупниот број лица што ги загубија животите, 343 се деца, а 198 жени.
Официјални лица истакнаа дека поплавите погодија 30 милиони луѓе, од кои повеќето се раселени.
Низ целата земја оштетени се 670.328 куќи, а уништени се 145 моста. Поплавите, исто така, оштетија и 3.082 километри автопатишта.
Во земјата е прогласена национална вонредна состојба поради монсунските дождови.
Меѓународна поддршка
Министрите и генералите своите месечни плати ги донираа во фондот за помош за настраданите од поплавите.
Премиерот Шахбаз Шериф се сретна со амбасадорите на странските земји за соработка во напорите за помош и рехабилитација во подрачјата погодени од поплавите.
Од друга страна, најавено е дека за помош на Пакистан, кој се бори со поплавите, Светска банка ќе испрати 350 милиони долари, Светската програма за храна - 110 милиони, Азиската банка за развој - 20 милиони и Велика Британија - 40 милиони долари.