Најмалку 13 лица се повредени вчера во Украина кога беа соборени неколку проектили и беспилотни летала лансирани од Русија, изјави командантот на воздухопловните сили Никола Олешчук.
Според неговите зборови, противвоздушната одбрана соборила седум проектили и 32 беспилотни летала.
Тој истакна дека беспилотните летала биле соборени над регионите Хмелницки, Дњепропетровск, Черкаси, Кировоград, Запорожје, Одеса, Керсон, Киев и Виница.
„Осум проектили беа лансирани во регионот Харков“, додаде тој.
Гувернерот на Керсон, Олександр Прокудин, на Телеграм објави дека шест лица биле повредени во регионот бидејќи неколку населби биле под оган, а четири приватни куќи биле оштетени.
Гувернерот на Харков, Олех Синјехубов, изјави дека седум лица биле повредени во административниот центар на регионот откако проектил ја погодил двокатната управна зграда.