Војната во Украина создаде стотици еколошки жаришта / Photo: Reuters

Гринпис (Greenpeace) и еколошката организација Екоакшн (Ecoaction) објавија дека документирале речиси 900 случаи на сериозно оштетување на природата во Украина предизвикано од руските напади од почетокот на војната на 24 февруари лано.

„Мора да се посвети поголемо внимание на ова уништување на животната средина предизвикано од војна“, рече во Берлин Денис Зузајев, експерт за Централна и Источна Европа на Гринпис.

Наведувајќи ги шумските пожари, истекувањето на токсичен гас и излевањето нафта во Црното Море, групите повикаа на итно воспоставување програми за да се помогне во елиминирање на опасностите и обновување на природата и животната средина.

„Ќе бидат потребни значителни финансиски средства, акција и посветеност за обновување на природата и животната средина“, додаде Зузајев во изјавата. „Овие средства треба да се распределат сега, а не по завршувањето на војната.

Активистите презентираа и интерактивна мапа на најсериозните случаи на еколошка штета. Голем дел од штетата е потврдена со сателитски снимки.

Презентираните примери вклучуваат шумски пожар на повеќе од 17.000 хектари земјиште во источниот регион Луганск, наводно предизвикан од руски ракети.

На многу места во Украина истекуваше отровен чад од согорувањето на фосилните горива во електраните. Природата еднакво погодена како луѓето и инфраструктурата

И во јули 2022 година, тим експерти за заштита од радијација документираше штета во зоната на исклучување околу нуклеарната централа Чернобил.

Според студијата, погодени се околу 20 отсто од заштитените подрачја во земјава. Покрај директното уништување, опасност е и долготрајната изложеност на остатоци од муниција, посочуваат организациите.

„Војната влијае на природата исто толку колку што влијае на луѓето и инфраструктурата“, рече Џевхенија Засиадко, шеф на климатскиот оддел на Екоекшн.

Природата е „тивка жртва“ па штетите главно остануваат незабележани, додаде таа и предупреди дека последиците ќе се чувствуваат долго време.

„Затоа, реставрацијата на животната средина мора да биде дел од севкупните планови за реставрација.

TRT Balkan / агенции
Популарни