Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ги потпиша законите за продолжување на воената состојба и општа мобилизација за 90 дена.
Законите усвоени од украинскиот парламент минатата недела ја продолжуваат вонредната состојба и општата мобилизација до 13 мај.
Воената состојба беше воведена во Украина на 24 февруари 2022 година, кога Русија започна „специјална воена операција“. Оттогаш, мерките беа неколкупати продолжени.
TRT Balkan / агенции