Борбите за контрола над областа Донбас во Украина продолжија, соопшти украинскиот претседател Владимир Зеленски.
„Ситуацијата во Донбас е тешка“, рече Зеленски во обраќањето до нацијата.
Бахмут, Кремина и другите области во Донбас сега бараат „максимална сила и концентрација“, рече тој во видео пораката објавена на социјалните мрежи.
Тој им се заблагодари на украинските војници, за кои рече дека цврсто ги држат своите позиции, цврсто стојат и наоѓаат можности да се борат против „окупаторот“.
Ги повика Украинците да бидат спремни за можни руски ракетни напади или провокации.
„Противвоздушната одбрана се подготвува, државата се подготвува и сите мораат да се подготват. Обрнете внимание на сирените“, додаде Зеленски.
TRT Balkan / агенции