Потребни се нови пристапи и нови стратегии / Фото: Genya SAVILOV, AFP

Украинскиот претседател Владимир Зеленски го разреши врховниот командант Валериј Залужњи и го замени со командантот на украинските копнени сили Олександар Сирски.

„Потребни се нови пристапи и нови стратегии. Денеска беше донесена одлука за потребата од промена на раководството на вооружените сили на Украина. Јас сум искрено благодарен на Валериј Федорович Залужњи за сите негови достигнувања и победи“, изјави Рустем Умеров украинскиот министер за одбрана.

Исто така, украинскиот претседател Зеленски објави дека Сирски ќе го замени Залужњи на позицијата врховен командант.

„Денес решив да го обновам раководството на вооружените сили на Украина“, рече тој.

„Имав десетици разговори со команданти од различни нивоа. Конкретно, денеска разговарав со бригадните генерали Андриј Хнатов, Михаило Драпати, Ихор Скибиук и полковниците Павло Палиса и Вадим Сухаревски. Сите се разгледуваат за лидерски позиции во армијата тие ќе служат под водство на најискусниот украински командант, командантот на бојното поле, генерал полковник Александар Сирски“, рече Зеленски, додавајќи дека Сирски има „успешно искуство во одбраната“.

„Тој ја водеше одбранбената операција во Киев. Тој исто така има успешно искуство во офанзивата - операцијата за ослободување на Харков. Го назначив генерал полковник Сирски за врховен командант на вооружените сили на Украина“, додаде претседателот.

„Врховниот командант Сирски ќе го претстави тимот за ресетирање на вооружените сили на Украина во наредните денови“, додаде Зеленски.

AA
Популарни