Зеленски го предложи законот до Врховната Рада / Photo: AA

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска до парламентот или Врховната рада поднесе закон, со кој ќе им се дозволи на луѓето да имаат повеќекратно државјанство во исто време.

Откако ќе биде одобрен, Зеленски рече дека законот ќе им овозможи на сите етнички Украинци и нивните потомци кои живеат во странство да добијат државјанство, освен оние кои веќе имаат руско државјанство.

Според Зеленски странските доброволци кои се борат заедно со војската против руските сили, исто така, ќе можат да добијат украинско државјанство според предложениот закон.

„За секој што може да почувствува дека да се биде во Украина значи да се биде дома. Не како туристи, туку како граѓани. Граѓани на голема, обединета, единствена Украина“, додаде тој.

Зеленски рече дека потпишал декрет за териториите на Руската Федерација историски населени со Украинци.

„Денес мораме да преземеме чекори не само за да го зајакнеме единството на Украина и нашиот народ, туку и да дејствуваме за единството на правата и слободите, вистината за Украинците, вистината за нас и вистината за нашата историја. Ова е враќање на вистината за историското минато заради иднината на Украина“, истакна претседателот украинскиот претседател.

TRT Balkan / агенции
Популарни