Украинскиот претседател ја обвини Русија дека се обидува да го претвори зимскиот студ во оружје за масовно уништување.​​​​​​​         Фото: Ројтерс

Украинскиот претседател Владимир Зеленски вчера го повика Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) цврсто да реагира против Русија поради руските ракетни напади врз енергетската инфраструктура на неговата земја.

Зеленски на вонредниот состанок на Советот за безбедност на ОН рече дека Украина во текот на денот била погодена со 70 проектили.

Тој рече дека во руските напади биле оштетени и станбени области, болници и училишта.

Украинскиот претседател ја обвини Русија дека се обидува да го претвори зимскиот студ во оружје за масовно уништување.​​​​​​​

„Имаме температури под нулата и милиони луѓе без енергија, без греење, без вода. Ова е очигледно злосторство против човештвото“, изјави тој.

Зеленски, исто така, ги повика ОН да испратат дополнителен тим за да ја испита и процени критичната инфраструктура на Украина оштетена од руските напади.

TRT Balkan / агенции
Популарни