Украинскиот претседател Владимир Зеленски изјави дека ситуацијата на фронтот останува тешка додека руските трупи се обидуваат да напредуваат во областите Доњецк и Харков.
„И покрај исклучително големите руски загуби, окупаторите и понатаму се обидувааат да напредуваат во регионот Доњецк, да се зацврстат во регионот Луганск, да се движат во областа на Харков, планираат нешто на југот“, рече Зеленски.
Меѓутоа, истакна дека тие „се држат“.
„И што е најважно, не му дозволуваме на непријателот да ги исполни своите намери. Тие рекоа дека ќе го заземат регионот на Доњецк во пролет, лето, есен. Зимата започнува веќе оваа недела“, рече украинскиот претседател.
Наведувајќи дека Русија извршила злосторство со почнувањето на војната во Украина, Зеленски рече дека вредно се работи на процесуирањето на високите политички и воени функционери на Русија.
Истакна дека Украина веќе соработува со многу земји и меѓународните организации, вклучувајќи го Меѓународниот кривичен суд (ICC).
„Но за жал, достапните меѓународни правни инструменти не се доволни за правда“, рече Зеленски.