Зеленски: Украина да го задржи заедничкото разбирање на националните цели / Photo: АА

Украина мора да го задржи заедничкото разбирање на нејзините национални цели како што се приближува новата година, рече украинскиот претседател Владимир Зеленски.

„Генерално, оваа недела ќе биде важна за Украина од политичка гледна точка. Влегуваме во следната година и мора да го задржиме заедничкото разбирање за нашите национални цели“, рече Зеленски во дневното обраќање до јавноста доцна синоќа.

Зеленски истакна дека овие цели вклучуваат враќање на територијалниот интегритет на земјата, враќање на раселените Украинци дома, понатамошно градење на врските меѓу државата и клучните партнери и барање и стекнување нови можности за Киев во светот.

„Сиве овие задачи се за блиската иднина. И не само за државата, туку и за секого од нас“, порача Зеленски.

Тој, исто така, потврди дека во текот на денот разговарал со италијанската премиерка Џорџа Мелони, со Меѓународниот монетарен фонд и со шефот на „Блек рок“, инвестициска компанија со седиште во Њујорк.

Зеленски нагласи дека се подготвува за учеството на Светскиот економски форум во Давос, каде што, како што рече, ќе ги претстави „позицијата и перспективите“ на Украина.

TRT Balkan / агенции
Популарни