Украина подготвува контрамерка против руските намери, изјави Зеленски / Photo: AA

Украинскиот претседател Владимир Зеленски изјави дека неговата земја ги анализира намерите на Русија и подготвува значителна контрамерка.

„Ги анализираме намерите на окупаторот и подготвуваме контрамерка, уште посилна отколку сега“, рече Зеленски во видео обраќањето.

Тој посочи дека главните прашања се ситуацијата во областите Доњецк, Луганск, Харков, Запорожје и Херсон, како и Крим и териториите на линијата на фронтот, и додаде дека политичките и воените лидери на земјата разговарале за обезбедување на вооружените сили нова опрема и муниција.

Тој повтори дека околу шест милиони корисници во повеќето украински региони и во Киев се исклучени од струја.

„Одделно одржав состанок за енергетските и комуникациските прашања. Бележиме резултати од она што веќе е направено на заштита на нашите системи. Подготвуваме нови решенија“, порача Зеленски.

TRT Balkan / агенции
Популарни