Најмалку 14 лица загинаа во земјотресот со јачина од 5,6 степени кој го погоди индонезискиот остров Западна Jава. Информацијата преку соопштение ја потврди Центарот за геолошки истражувања на САД.
Во соопштението се наведува дека земјотресот со јачина од 5,6 степени се случил на длабочина од 10 километри.
Властите нагласија дека како резултат на земјотресот животот го загубиле најмалку 14 лица, додека 17 лица се повредени.
Земјотресот е почувствуван и во индонезискиот главен град Џакарта, а по земјотресот не е издадено предупредување за цунами.
TRT Balkan / агенции