Силен земјотрес ја погоди Индонезија утринава, јави индонезиската метеоролошка агенција.
Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди најисточната индонезиска провинција Папуа, соопшти Агенцијата за метеорологија, климатологија и геофизика БМКГ.
Земјотресот, што се случи околу 9:51 часот по локално време, е измерено дека бил на длабочина од околу 33 километри.
Локалните жители силно го почувствувале потресот. Сѐ уште нема извештаи за евентуална штета.
TRT Balkan / агенции