Земјотрес со јачина од 7 степени го погоди денеска регионот Абра на Филипините         Фото: Ројтерс архива

Земјотрес со јачина од 7 степени го погоди денеска регионот Абра на Филипините, предизвикувајќи лизгање на земјиштето и оштетување на инфраструктурата, објави државната Филипинска новинска агенција.

„Нема информации за жртви, но се очекуваат последователни потреси и материјална штета“, соопшти Институт за вулканологија и сеизмологија на Филипините.

Во соопштение, Националниот совет за намалување и управување со ризици од катастрофи истакна дека се координира со институциите во регионите на Илокос, долината Кагајан и Централен Лузон, како и регионот на националниот главен град.

„Проценката продолжува, но некои области претрпеа оштетувања на јавните и приватните објекти. Некои области во Кордилерите немаат електрична енергија и интернет. Мониторингот на планинските патишта продолжува“, се додава.

AA
Популарни