Зголемен бројот на лица кои за првпат побарале азил во земјите на ЕУ

Зголемен е бројот на лица кои за првпат побарале азил во една од земјите на Европската Унија (ЕУ).

Во мај бројот на лица кои побарале азил е зголемен за 89 отсто во споредба со истиот месец од претходната година.

Според податоците на Европската статистичка служба (Eurostat), 63.105 лица поднеле барање за меѓународна заштита во една од земјите на ЕУ во мај 2022 година.

Оваа бројка значи зголемување од 89 отсто во однос на мај 2021 година и 17 отсто во однос на април 2022 година.

Бројот на баратели на азил кои по вторпат поднеле барање во мај 2022 година е зголемен за 13 отсто во однос на претходниот месец и за 20 отсто во однос на мај минатата година.

Меѓу оние кои бараат меѓународна заштита во ЕУ, најголем месечен пораст е забележан кај граѓаните на Венецуела.

Бројот на граѓаните од Венецуела кои поднеле барање за азил е зголемен за 32 отсто за еден месец, и ја надмина бројката од 4.800 во мај 2022 година.

Најголем број на барања се поднесени од Сиријци. Вкупно 8.025 Сиријци побарале азил од една од земјите на ЕУ во мај 2022 година.

По Сиријците следуваат Авганистанците со 7.700 луѓе. Граѓаните на Венецуела се на третото место, ги следат Колумбијците со 3.535 лица и по нив, Пакистанците со 2.890 барања.

Земја од ЕУ до која се поднесени најголем број барања за азил е Германија; регистрирани се 13.855 барања. По Германија следуваат Шпанија со 10.200 барања, Франција со 9.800 и Италија со 6.450.

Бројот на барања за азил поднесени до земјите на ЕУ од Украина, која е нападната од Русија, во февруари изнесуваше 2.370, во март 12.885, во април 1.510 и во мај, 1.295.

AA
Популарни