Најмалку едно лице загина, а 18 се повредени во напади со автомобил и нож што се случија во градот Раанана во близина на Тел Авив во Израел.
Полицијата уапси маж (40) од Хеброн кој е осомничен дека избодел жена, украл возило и отишол во крвав поход. Тој е осомничен дека газел луѓе на повеќе локации во градот, а според полицијата напаѓачот додека дивеел, сменил дури три возила.
Како што јави израелскиот канал 12, жената која била ранета со нож починала.
Во соопштението на израелската служба за итни случаи Давидова црвена звезда, се наведува дека три лица се тешко повредени.
Весникот „Једиот Ахронот“ претходно објави дека во инцидентот се повредени 19 лица, по што ја ревидирал бројката на девет.
Градоначалникот на Раанан, Хаим Бројд, преку телевизија ги повика своите сограѓани да останат во своите домови.
Тензиите ескалираа низ палестинските територии поради смртоносната израелска офанзива на Појасот Газа како одмазда за нападот на Хамас на 7 октомври.
Најмалку 24.100 Палестинци се убиени, а 60.834 се ранети во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври досега, соопшти утринава Министерството за здравство во блокираната палестинска енклава.
Бројот на загинатите Израелци е ревидиран на околу 1.200, според официјалните податоци.