Струјата и водата се исклучени поради нападите на руските сили врз инфраструктурните објекти и електрани во Харков, Украина.
Градоначалникот на Харков, Игор Терехов, од својот профил на Телеграм напиша: „Ситуацијата од синоќа се повтори. Критичните инфраструктурни објекти се оневозможени да функционираат поради бомбардирањето. Како резултат на тоа, струјата во Харков е исклучена и водоснабдувањето е прекинато.“
Руските сили вчера ги нападнаа електроцентралите во провинциите Суми, Полтава, Днипропетровска и Запорија. Голем број населени места останаа во мрак.
Украинските единици го решија проблемот по некое време и повторно беше обезбедена електричната енергија.
Украинскиот претседател Владимир Зеленски ги опиша нападите врз цивилните инфраструктурни објекти како „терористички напади“.
„Без гас или без вас? Без вас. Без светлина или без вас? Без вас. Без вода или без вас? Без вас. Без храна или без вас? Без вас. Студот, гладот, темнината и жедта не ни се толку страшни и смртоносни како вашето ‘пријателство и братство‘. Во текот на историјата сѐ ќе се поправи. Ќе имаме гас, светлина, вода и храна, но без вас“, рече претседателот Зеленски, осврнувајќи се на Русија.