Голем број експерти анализираат дека во Кина нема разлика мешу партијата и државата     Фото: TRT World

За оние кои не се државјани на Кина вистинска политичка мистерија е Комунистичката партија на Кина, која преку пазарна економија работеше да ја направи државата втора економија во светот.

Но владејачката партија под водство на претседателот Кси Џинпинг продолжува да станува посилна. Џинпинг е „верник на социјализмот со кинески карактеристики”. Тоа е фраза која се нарекува Мислата на Кси Џинпинг.

Партијата во неделата го одржа 20 Национален конгрес со план да ја ревидира својата политичка структура и да одлучи кои ќе бидат клучните членови на Централниот комитет на партијата во следните пет години.

Централниот комитет го избира Политбирото кое ги именува членовите на Постојаниот комитет, најмоќен орган на партијата. Генералниот секретар е водечки орган на партијата.

„Партискиот конгрес е многу голема работа. Тоа всушност е конгрес кој се одржува на пет годиини и на кој главните одлуки се носат од раководството и партијата на некој начин се договара за планот за следните пет години и за тоа кој ќе ја води земјата”, вели Рафаело Пантучи, виш соработник во Ројал Севрис Институт (Royal Service Institute).

Пантучи истакнат експерт за Кина верува дека овој Конгрес е важен момент бидејќи ќе го прикаже координираниот реизбор на Кси Џинпинг во неговиот трет мандат, нешто што не се случило од времето на Мао Це Тунг основачот и првиот претседател на комунистичката партија на Кина.

Многу експерти сметаат дека едонеделниот конгрес е важен исто колку и процесот на избор на Централниот комитет, Политбирото и Постојаниот комитет и Генералниот секретар.

Додека изборите на партиските органи и Генералниот секретар не значат директно претворање во официјалната политичка структура на државата, одлуките на партијата со кои се избираат кандидати ќе се претворат во реални резултати за време на седниците на Националниот народен конгрес , односно кинескиот законодавен дом во март 2023 година.

„Партијата е државата”

Под раководство на Кси Џинпинг Комунистичката партија зазема уште позначајно место во државата и се очекува третиот мандат на Кси Џининг да биде потврда на тезата дека Комунистичката партија одлучува за судбината на Кина, велат експертите.

„Конгресот е важен за иднината на Кина и за глобалната политика бидејќи Комунистичката партија во суштина е државата” смета поранешниот прв советник на ЕУ за Кина и еден од водечките светски експерти за структурата на земјата и мислата на Кси, Чарлс Партон.

„Кси Џинпинг намерно го разби јазот меѓу партијата и државата. Партијата сега е државата. Тој ја зајакна својата улога во сите области, без разлика дали тоа е бизнис, економија, образование, култура, но пред се во управувањето. Над 80 проценти од државните функционери и 95 отсто од високите функционери на Пекинг се членови на Комунистичката партија и тие бројки се зголемија во последниве години. Надмоќноста на партијата над кинеската влада значително се зголеми за време на владеењето на Kси Џинпинг”, изјави Партон за ТРТ Ворлд.

Тој го изнесува неговото мислење за Централниот комитет за дисциплинска инспекција која е една од најмоќните партиски единици задолжена да го следи однесувањето на членовите.

„Таа е како и националната комисија за надзор. Државна организација. Две имиња за една институција. Без разлика дали сте партиски член или не како функционер подлежите на истите правила и дисциплина”, рече Партон.

Директорот на институтот Лау Кина Кери Браун вели дека за време на ерата на Мао Це Тунг, која изврши многу чистки против дисидентите, таткото на Кси, бил избркан од Комунистичката партија и протеран да живее во руралните области.

„Но тој го советувал својот син да остане верен на партијата без разлика како таа се однесува со него”, смета Браун.

Како Кси ќе се справи со проблемите

Иако сите веруваат дека третиот мандат на Кси Џинпинг е решено прашање во рамки на партијата, тој сепак ќе се соочи со некои сериозни пречки предизвикани од Ковид кризата и економскиот пад сметаат експертите.

Но Кси Џинпинг има за цел да одговори на овие предизвици со силна домашна политика, зајакнување на животниот стандард на обичните луѓе преку намалување на нееднаквоста што ќе обезбеди кинеска стабилност и ќе се претвори во поголема поддршка за неговите политики.

„Клучната разлика од првите десет години е тоа што тој сега се соочува со силни ветрови. Не е јасно како ќе ја извлече Кина од нејзината катастрофална нулта политика за Ковид. Тоа би било можно со ефикасна кинеска вакцина. Изненадувачки е тоа што една тоталитарна влада не можеше да го вакцинира најголемиот дел од народот.”, вели Партон.

Тој истакнува дека има и други проблеми во врска со економскиот пад на земјата. Односно додека мислата на Кси посветува критичко внимание на еднаквоста со цел да го подобри заедничкиот просперитет, кинескиот економски систем продолжи да биде неурамнотежен, некоординиран и неодржлив.

„Но социјализмот со кинески карактеристики на Кси кој се нарекува марксизам на 21 век има за цел да го намали јазот во богатството во кинеското општество преку подобрување на квалитетот на животот на обичните луѓе со силни економски мерки како ублажување на сиромаштијата и давање поголема тежина на подобрувањето на руралниот живот и земјоделското производство”, рече Партон.

Поранешниот британски дипломат смета дека во последните години во тие области Кина покажа значително подобрување и го зголеми нејзиниот економски раст. Тој истакнува дека покрај здравствените и економските прашања Кина на Кси Џинпинг исто така треба да се соочи со непријателско странско опкружување предводено од западните сојузници кои во судирот во Украина беа уште пожестоки противници на Русија и Кина.

„САД јасно ставија до знаење дека ќе ги поткопаат напорите на Кина да ја замени како супер сила. Се повеќе европските и другите прозападни држави го гледаат подемот на Кина како закана и преземаат мерки за да го спречат нејзиното зајакнување”, вели тој.

Според кинеското раководство. непријателството на западот кон Пекинг е поради големиот економски раст.

Според Кери Браун. Кина на Кси Џинпинг ќе продолжи да биде многу внимателна за да не направи погрешен чекор кој би му дал можност на западот да ја оневозможи целта на Кина да биде супер сила и да ја претекне САД како светска економија број еден.

TRT World
Популарни