Финска: Националната коалициска партија победи на парламентарните избори / Photo: AA

Либерално-конзервативната Национална коалициска партија (Кокоомус) победи на неделните парламентарни избори во Финска, според резултатите по преброени речиси 99 отсто од гласовите.

Јавниот сервис „YLE“ објави дека партијата, предводена од Анти Петери Орпо, освоила 20,8 отсто од гласовите и обезбедила 48 места во Парламентот, десет повеќе отколку на изборите во 2019 година.

Десничарската популистичка Партија на Финците (ПС) освои 20,1 отсто од гласовите или 46 пратенички места.

Социјалдемократската партија (SDP) на актуелната премиерка Сана Марин заврши на третото место, освојувајќи 19,9 отсто од гласовите, обезбедувајќи 43 места во Парламентот.

Партијата на аграрниот центар претрпе голем пораз, освојувајќи 11,4 отсто од гласовите, односно осум места помалку од последните избори во 2019 година, додека Левата алијанса освои 7,1 отсто од гласовите.

Партијата на зелените освои седум отсто од гласовите или 13 мандати.

TRT Balkan / агенции
Популарни