Ердоган: Туркије ќе го ратификува процесот за членството на Финска во НАТО / Photo: AA

Туркије објави дека во палраментот ќе го ратификува процесот за членство во Финска во НАТО.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес по состанокот со финскиот колега Саули Нинисто во турската престолнина Анкара истакна дека Финска ги исполнила условите на Туркије за продолжување на процесот за ратификација.

„Одлучивме да го прокренеме процесот за ратификација на финскиот протокол за членство во НАТО во државниот парламент“, рече Ердоган и додаде: „НАТО ќе стане посилен со членството на Финска и верувам дека ќе игра активна улога во одржувањето на глобалната безбедност и стабилност“, рече Ердоган. На новинарско прашање за кандидатурата на Шведска за НАТО, Ердоган рече дека Туркије ќе продолжи разговори со Стокхолм врз основа на принципите на НАТО и пристапот во борбата против тероризмот.

„Шведска ги прифати терористите, што не беше случај со Финска. Како што процесот ќе напредува, дирекно ќе зависи од конкретните чекори кои Шведска ќе ги презеде“, рече турскиот претседател.

Ердоган потсети дека Туркије на Шведска ѝ „предала листа од 120 терористи“ и ја повикала шведската влада да ги испорача на Анкара. „Не е можно да заземеме позитивен став кон Шведска ако не ги испорачува терористите“, рече Ердоган и нагласи: „Сѐ додека ќе сведочиме на неповолни пристапи кон Туркије во борбата против тероризмот, спремни сме да заземеме секаков став“, рече тој.

Финскиот претседател Нинисто изрази благодарност до Анкара во име на сите Финци на одобрувањето на Туркије за членството во НАТО.

„Ова е многу важна вест за сите Финци. Многу ви се заблагодаруваме“, рече Нинисто. Тој посебно го пофали турскиот претседател Ердоган.

„Вие сте еден од ретките луѓе на светот кој може да разговара со сите. Можеби сте единствен кој тоа го прави“, рече финскиот претседател. Шведска и Финска официјално поднесоа барање за придружување во НАТО во мај минатата година, напуштајќи го со децении военото неврзување, што е одлука поттикната од руската војна против Украина, која почна на 24 февруари во 2022 година.

TRT Balkan / агенции
Популарни