На белградскиот аеродром „Никола Тесла“ синоќа беше прекинат авиосообраќајот поради пријава за бомба во авионот на компанијата „Ер Монтенегро“.
Црногорската авиокомпанија „Ер Монтенегро“ синоќа објави дека авиосообраќајот на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград е прекинат поради пријава за бомба во авионот на оваа компанија, соопштија локалните медиуми.
Пријавата за бомба пристигнала додека авионот бил на земја, а безбедносните служби на Србија го провериле авионот и безбедноста на патниците не била загрозена.
На социјалните мрежи може да се видат снимки од евакуацијата на патниците од авионот.
AA