„Дедо Мраз дојде зо воз“: Претстава со која патувате низ времето

„Дедо Мраз дојде со воз“ е специјална новогодишна мултимедијална претстава за деца која од 23 декември игра на перонот бр. 1 на Железничката станица во Скопје.

Претставата ги следи патешествијата со кои се соочува Дедо Мраз пред да стигне на Железничката станица во Скопје и неговото доаѓање е неизвесно, па му треба помош од неговите Елени, Џуџиња, Снешко, но најмногу од децата. Приказната се раскажува почнувајќи од музејската поставка „Зошто Дедо Мраз го одбра железничкиот сообраќај?“ преку мултимедијална театарска претстава „Дедо Мраз дојде со воз“ на сцената на Македонски железници – ИНФРАСТРУКТУРА завршувајќи со разглед на специјалниот новогодишен воз на Дедо Мраз, поставен на перонот бр.1 на Железничка станица во Скопје

Автор и продуцент на проектот е Миодраг Костиќ, а текстот и режијата на Игор Ивковиќ.

Во претставата играат актерите: Дарко Вељиќ, Андреј Серафимовски, Тодор Стојковски, Мила Трајковски, Ведра Димова, Александар Спироски, во кој се вклучени и учениците од училиштето за театар „ОД ИГРА ДО ПРЕТСТАВА“.

Организатори се Училиштето за театар „Од игра до претстава“, во соработка со Јавните претпријатија: Македонски железници А.Д. ТРАНСПОРТ и Македонски железници – ИНФРАСТРУКТУРА.

„За потребите на претставата, двете претпријатија покрај сценскиот и музејскиот простор, заедно со организаторите успеаја за кратко време да реставрираат локомотива создадена во далечната 1942 година, серија 33, и вагон што е изработен 1950-тите години и бил во употреба до крајот на 1970-тите години. Од неодамна од страна на Ванчо Милошевски, Владимир Петков и Сашо Цветановски вагонот е реставриран по урнекот на „Ориент експрес“ што сообраќал од Лондон до Истанбул“, велат од училиштето за театар.

Театарската претстава треба ќе игра до 30 декември, а предвидено е да продолжи и во првата недела од јануари 2025 година.

TRT Balkan
Популарни