Музичките уметници, барем оние вистинските вљубеници во својата професија, го оставаат срцето на сцена, со верба и желба да ги исполнат очекувањата на публиката и да придонесат таа да се чувствува волшебно.
Доколку на балканската музичка сцена би требало да наброите неколку такви музички уметници, таа сигурно е еден од оние кои последниот атом на својата енергија го трошат на настапите, а нејзините најдлабоки емоции ги изразува во впечатливите интерпретации кои на најдобар можен начин на доловуваат суштината на пораките во нејзините песни.
Сублимирано, вака најратко ја опишуваат Калиопи познавачите на музиката и добрите познавачи на нејзиниот лик и дело. Понатаму, ќе дополнат дека таа е македонската поп-дива, вонсериски уметник од светски калибар. Во ексклузивно интервју за ТРТ Балкан на македонски јазик говореше Калиопи. Таа се осврна на успешната музичка кариера којашто трае со децении, зборуваше за љубовта кон музиката, луѓето, но и за сите поважни предизвици на професионален и приватен план.
„Среќа“: Првата асоцијација на новиот албум
Повод за интервјуто беше нејзиниот нов албум, насловен „Албум“, кој светлината на денот ја виде на 29 мај, на промоцијата одржана во Скопје.Станува збор за 40 години успешна соработка со нејзиниот музички соработник Ромео Грил. Прашана која е првата асоцијација на овој албум и како најкратко и најточно би можела да го опише, Калиопи без колебање и размислување одговара „Среќа.“
„Прва асоцијација и еден единствен збор којшто најточно ќе го опише овој албум е среќа. И сега среќата е сеопфатна.Таа содржи многу различни моменти во однос на… ќе започнам од таа среќа што оваа приказна трае толку долго, среќа што трае со успешни песни, со песни коишто го одбележале тоа време…Трае низ нашата среќа којашто ја чувствуваме кога влегуваме во студио со Ромео да твориме, да работиме… Среќа што сѐ уште имаме идеи, сѐ уште сме креактивни, што се уште сме на некаков начин млади во однос на тој свет на музиката, не дозволуваме годините да не прегазат… Некако го пратиме времето и времето не прати нас. Ловиме нови генерации…И сето тоа, секако, кога човек ќе помисли на сите тие моменти си вели: „Ух па баш сум навистина среќен!“.
Љубовта како главен двигател
За неа, вели, пред сѐ, главен мотор е љубовта.
„Љубовта којашто ја чувствувам кон музиката, љубовта којашто ја чувствувам кон мојата публика. Љубовта е главен двигател на сѐ она што музиката за мене значи. Несомнено, за сето тоа е потребна и енергија. Енергијата …. Веројатно, небото ми предоредило ваков пат и ми испрќа секогаш нова мотивација, нова сила и секогаш наоѓам ново значение во мојата улога во овој музички пат којшто го одам толку долги години. Радост, голема радост, секогаш со нетрпение ги исчекувам сите концерти. Едноставно го сакам тоа што го првам и ништо не ми е тешко.
Секогаш имам чувство дека ќе полетам пред да излезам на сцена. Да, да, многу интересно чувство е тоа. Веројатно, ова е место каде што не се старее. Барем јас тоа така го чувствувам. Не знам што ќе ми се случува приватно како сето тоа ќе го носам на свој груб, но музиката секогаш ми дава крилја, јас секогаш имам чувство дека летам“, истакнува Калиопи во интервјуто.
Три концерти низ македонските градови Осврнувајќи се на новиот албум и на актуелните случувања на полето на нејзината кариера, открива дека низ македонските градови следуваат неколку концерти, со кои сака да и посвети време на домашната публика.
„По издавањето на албумот ние веќе одлучивме дека ќе направиме пред се големи концерти во Македонија и понатаму и во регионот секако. Но многу ми беше значајно да конечно, повторно ја оживеам таа концертна моја активност во Македонија. Битола на 20 јули во Хераклеа, потоа во Охрид (2 август) во Античкиот театар и секако на 19 октомври во „Борис Трајковски“ арената во Скопје. Три големи концерти, три многу значајни концерти за мене. И она што е најважно е тоа дека сакам да ги потсетам и на старите хитови, а и секако и на новиот албум да го почувствуваме како тој звучи во живо. Ќе биде интересно. Ќе биде секако интересно“, уверува Калиопи.
Прашaна како суштински и најкратко би го опишала нејзиниот пат во кариерата почнувајќи од „Златно славејче“ од 1976 година до освојување на балканските и европските престолнини, Калиопи вели дека всушност кога од оваа дистанца ќе се осврне кон минатото, со неверојатна брзина и како на филмско платно се одвивале сите моменти во кариерата и животот.
„Го живеам својот сон со отворени очи“
„Ми се чини многу кратко сѐ, затоа што е сѐ како еден миг, како еден момент. Просто неверојатно. Многу често се чудев кога ќе чуев некои мудри луѓе кога говреа дека времето не постои. Е како не постои времето, нели, го гледаш саатот тој отчукува, минути, секунди, саати… Мора да постои време и мора некој тоа време да го измислил заради нешто. Но кога човек живее вакви моменти, кога твориш, кога создаваш нешто, кога доживуваш и добро и лошо, животот те удира, те мава, од најдолу наеднаш си се вивнал на небо. И тоа се моменти кои што едноставно те прават навистина да почнеш да веруваш дека времето не постои. Јас само чувствувам една голема благодарност. Јас сметам дека сум исклучително благословена жена, со тоа што овој живот ми подарил да живеам една приказна, без оглед дали е некогаш тешко, дали е некогаш лесно, ама го живеам она што го љубам, она што го сакам. Го живеам својот сон со отворени очи и тоа е најпрекрасното нешто“, раскажа Калиопи.
„Да, свежи се сеќавањата ‘76-та година кога за првпат застанав на сцена што значи дека 2026-та ќе бидат точно 50 години од тој момент. Кога моето родно Кичево, мислам родно, родена сум во Охрид, ама израснав и во Кичево живеев, на кичевската улица.Таму играв, таму се моите детски сништа. Таму го поминав моето детство, најубавите години од моето детство и ги направив горди кичевчани. Тоа се моменти коишто не се забораваат, кои се паметат. А понатаму бев дете, бев љубимица на една голема, голема нација, на Југославија во тоа време, а пак на некој начин, правејќи ги сите среќни, веројатно, најмногу ја претставував секогаш Македонија, затоа што секој велеше: „Ааа ова е Македонка“, се присетува македонската поп-дива.
Доследност и истајност
Со извонредните вокални способности Калиопи остава свој печат и автентичност по кој е препознатлива кај сите генерации, но како сепак успева да го постигне тоа?
„Ние никогаш не кокетираме со стилови. Ние не правиме музика зради некому да му се допадне, туку едноставно, го работиме она што ние го сакаме. И токму така, бидејќи таа доследност и принципиелност и да кажам некокетирање со нешто или некој прави да бидеме автентични, прави да бидеме свои, прави да луѓето ти веруваат. И едноставно, без оглед на тоа дали нешто на неколму му звучи комерцијално или некомерцијално песните си нашле свој пат до слушателите“, нагласува Калиопи.
„Секој човек има должност да го разубави овој свет“
Прашана за светот денеска, страдањата на луѓето поради војните, меѓу кои и страдањето на цивилите во Палестина, војната во Украина, но и секаде во светот каде се водат војни и страдаат луѓе, Калиопи потенцира дека постојат голем број светски уметници кои со своите пораки и дела испраќаат пораки за мир, солидарност и љубов.
„Секогаш постоеле луѓе коишто и во музичкиот свет, во спортот, уметноста сеопфатна и број на интелектуалци луѓе едноставно ја користеле својата платформа да ги ирзазат и испорачаат до светот, до луѓето оние најсуштински, битни пораки коишто би требале луѓето да ги освестат или разбудат од нивната заспаност…Да се спротивстават на некои големи невидливи сили коишто го креираат за жал денешниот свет. Секако дека тука постојат голем број уметници и тоа светски познати уметници коишто дури можеби плаќале и со живот заради нивното пропагирање на таквите идеи: ширење на мир, љубов, слобода во светот… И она што е најважно е да секој од нас без оглед на тоа каква позиција или каква улога животна има, и без оглед на неговата професија, мислам дека на секој човек му е должност да го разубави овој свет“, вели Калиопи и заклучува:
„Јас во мојата песна „Кад освнане“ кажав, пратив една многу јасна порака.Во „Кад осване“ првиот стих кажува: „Велике слике, мали људи, неко се стално нешто труди, да буде зло, а шта ќе му то, хајде реци, ако знаш.“ … Мислам, има тука… „Неко нам квари пјесму, ритам, а ја бих да га питам, куд води пут када си луд, кад си сјена, скривена“. Кажано е сѐ…“