Се продава омилениот клавир на Фреди Меркури / Photo: Reuters

Повеќе од 1.400 лични предмети на Фреди Меркури, фронтменот на групата „Квин“ (Queen), ќе бидат изложени на бесплатната изложба во Сотби во Лондон во пресрет на нивната продажба.

Ќе бидат изложени неговите сценски костими, рачно напишаниот текст на песната „Бохемиан Рапсоди“ и малиот клавир кој го користел за компонирање на најголемите хитови на „Квин“.

Огромната колекција на лични работи на пејачот, кои и беа оставени на неговата блиска пријателка Мери Остин, се наоѓаат во неговата палата во западен Лондон 30 години од неговата смрт во 1991 година.

Повеќе од 1.400 лични предмети на Фреди Меркури ќе бидат изложени Reuters

Остин во април изјави дека одлучила да ги продаде речиси сите предмети за да го „затвори ова посебно поглавје во нејзиниот живот“ и „да ги среди своите работи“.

Фреди Меркјури, роден во 1946 година во Занзибар, Танзанија, чие вистинско име е Фарок Булсара, се преселил во Англија со своето семејство на 17-годишна возраст. Со групата „Квин“ Меркури сними 15 студиски албуми. Меркури во 1991 година почина од воспаление на белите дробови. Имаше 45 години.

Инспириран од неговиот живот и групата „Квин“, режисерот Брајан Сингер сними филм „Бохемиан Рапсоди“, кој однесе четири награди на доделувањето на Оскарите, меѓу кои награда за надобра улога која ја прими актерот Рами Малек.

Изложбата се отвора денес и ќе трае до 5 септември. Предметите потоа ќе бидат предадени на низа аукции, подоцна, во текот на септември.

TRT Balkan / агенции
Популарни