„Одлучивме да ја направиме последната снимка на Битлси. Само што ја завршивме и ќе излезе оваа година“, изјави Макартни / Photo: Reuters Archive

„Одлучивме да ја направиме последната снимка на Битлси. Само што ја завршивме и ќе излезе оваа година. Успеавме да го земеме гласот на Џон и да го прочистиме со помош на вештачката интеленција за миксање на снимката“.

Ова е неодамнешната изјава на Пол Макартни, 81-годишниот музичар на легендарниот ливерпулски бенд „Битлси“, со која тој ја откри веста која ги израдува бројните фанови шриум светот на овој бенд.

Во интервјуто за „Би-Би-Си Радио 4“ (BBC Radio 4), Макартни објасни дека идејата дошла по документарната серија која во 2021 година ја режирал Петер Џексон.

Десетте заеднички години на Пол Макартни, Џон Ленон, Џорџ Харисон и Ринго Стар произведоа 14 најпродавани албуми, речиси милијарда продадени плочи и снимање на неколку филмови.

И покрај смртта на Ленон во 1980-тата година и Харисон во 2001 година, „Битлманијата“ и понатаму е шестока ширум светот, а можностите што ги нуди вештачката интелегенција на љубителите на нивната музика веќе им даде идеи за повторно спојување или повторно да ги погледнат најновите дела на Пол Макартни со неговиот глас од младоста. Макартни не откри како ќе биде насловена новата песна.

Вештачката интелигенција во музичката индустрија покренува огромни финансиски и етички прашања. Британскиот пејач Стинг неодамна предвиде дека уметниците ќе мора да се борат напорно за да го заштитат својот човечки капитал од вештачката интелигенција.

Пол Макартни овој феномен го смета за „многу интересен“. „Ова е нешто што сега сите се обидуваме да го разбереме. Има добра, но и страшна страна, ќе видиме до каде ова ќе не однесе“,, додаде тој.


TRT Balkan / агенции
Популарни