Во Скопје се одржа панел дискусија за историјата на науката во исламот / Photo: AA

Во Скопје вчера се одржа панел-дискусија на тема „Историјата на науката во исламот: проф. д-р Фуат Сезгин“.

Панелот беше организиран од страна на Меѓународниот балкански универзитет (ИБУ) во соработка со Фондацијата за студии по историја на исламските науки „Проф. д-р Фуат Сезгин“ и Универзитетот „Кирикале“ во Туркије.

Членот на Управниот одбор на Фондацијата за студии по историја на исламските науки „Проф. д-р Фуат Сезгин“, Неџмедин Билал Ердоган, претседателот на Управниот одбор на Фондацијата, Меџит Четинкаја, и ректорот на Универзитетот „Кирикале“, проф. д-р Ерсан Аслан, говореа за животот и делото на починатиот академик проф. д-р Фуат Сезгин.

На овој настан се обрати и ректорот на ИБУ, проф. д-р Љутфи Сунар, како домаќин на настанот.

На панелот учествуваа и турскиот амбасадор во Скопје, Хасан Мехмет Секизќок, претставници на турските институции и организации во земјата, академици, студенти и други поканети гости.

AA
Популарни