Во Скопје започнаа Меѓународните ликовни средби „Сребреница“ /     Фото: ТРТ Балкан

Во организација на Бошњачкиот национален совет (БНС) во Скопје, во скопскиот Градски парк се одржуваат Меѓународни ликовни средби „Сребреница“, со цел одбележување на 29 години од геноцидот врз Бошњаците во Сребреница, Босна и Херцеговина.

На Меѓународните ликовни средби „Сребреница“ кои се одржуваат од 6 до 11 јули учествуваат 17 ликовни уметници од земјава но и регионот, поточно од Босна и Херцеговина, Косово, Србија, Туркије, Бугарија и САД.

Претседателот на Бошњачкиот национален совет, Џевад Хот, на свеченото отворање на Меѓународните ликовни средби упати срдечна благодарност до сите уметници кои за да присуствуваат на оваа ликовна колонија дошле од различни земји, со цел да со своите дела публиката ја присетат на геноцидот во Сребреница, но и да испратат пораки за мир.

„Ова е уште една колонија кое ја организира БНВ кое како организација се бави со инентитетските и културните прашања на Бошњаците. Еден од тие за нас многу важни моменти и денови во таа култура на сеќавање е и Денот на сеќавање на геноцидот во Сребреница, при што организиравме разновидни настани, а веќе неколку години наназад со помош на нашиот академик, проф. др. Фехим Хусковиќ организиравме доаѓање на уметници. Од минатата година всушност, организираме и ликовна колонија во чии рамки се собираат ликовни уметници, познати од оваа област, кои имаат светски дела, слики кои зрачат со уметност“, истакна Хот.

Тој додаде дека оваа колонија ќе биде традиционално организирана секогаш во пресрет на 11 јули - Денот на сеќавање на геноцидот во Сребреница. Воедно, Хот најави дека и годинава на 11 јули во четврток, ќе биде организиран Марш за Сребреница, кој традицонално ќе започне од споменикот „Сребреница“ во скопската Оштина Чаир до градскиот плоштад „Македонија“, каде ќе бидат претставени уметничките дела на учесниците на ликовната колонија.

„Делата ќе останат како спомен на сеќавање на геноцидот во Сребреница. Нашата мисија е да се сеќаваме на геноцидот во Сребреница и да го чуваме од заборав со една цел: никогаш, никому да не му се случи тоа. Се надевам дека и оваа колонија ќе биде дел од таквото сеќавање“, порача Хот.

Проф. др. Хусковиќ ги поздрави учесниците и поддржувачите на Меѓународните ликовни средби „Сребреница“ во Скопје, нагласувајки го културниот аспект на сеќавањето и одбележувањето на важните денови од историјата на Бошњаците, но и на сите други народи, притоа порачувајќи дека уметниците со своите дела повикуваат на мир.

„Особено е важно што имаме гости од многу држави и тоа говори за една убавина на овој голем собир на уметници речиси од светот, бидејќи таму каде е вашето срце, тоа токму таму каде се наоѓа сака да остави нешто. Oвој настан јас би го поделил во три групи. Првин важно е да се собереме, да се дружиме и да дојдеме до резултат. Исклучително е важно што овој настан ние Бошњаците го имаме во Скопје. Ние уметниците најдобро можеме да потсетиме на геноцидот во Сребреница и да испратиме пораки на мир и да истакнеме дека можеме да живееме сите заедно“, рече Хусковиќ.

TRT Balkan
Популарни