Се предлага и укинување на царинските ослободувања за пакети вредни помалку од 150 евра и воведување поедноставен тарифен третман за пратки со мала вредност / Photo: AA

Европската комисија во средата објави дека има намера да воведе такси за пакетите што го преплавуваат европскиот пазар со евтина, честопати фалсификувана стока, главно преку кинеските онлајн продавници Тему и Шеин.

Кинеските платформи Тему и Шеин ги искористуваат дупките во законот и доставуваат пакети во вредност од 150 евра во Европа без да платат царина.

Цариниците се преплавени од поплавата од пакети кои влегуваат во ЕУ.

Средствата од надоместоците за пакетите ќе бидат насочени кон финансирање на зголемени царински контроли против нелегални производи.

Се предлага и укинување на царинските ослободувања за пакети вредни помалку од 150 евра и воведување поедноставен тарифен третман за пратки со мала вредност.

Според извршниот потпретседател на Комисијата, Хени Виркунен, 91 отсто од малите пакети доаѓаат од Кина преку продавници како Тему и Шеин.

„Откривме дека многу производи не се во согласност со европските регулативи и се опасни. Оваа поплава од увоз врши голем притисок врз надлежните органи во земјите-членки, особено врз цариниците“, рече Виркунен.

Затоа, онлајн платформите во иднина ќе треба да проверуваат дали производите што се нудат на нивните платформи се легални и дали се усогласени со безбедносните стандарди на ЕУ.

„Многу производи кои на тој начин влегуваат на европскиот пазар надвор од ЕУ претставуваат ризици за здравјето и безбедноста, се неодржливи од еколошки и климатски аспект и создаваат нелојална конкуренција за компаниите од ЕУ кои ги почитуваат правилата“, наведува Комисијата.

Во последниве години има нагло зголемување на бројот на такви производи кои влегуваат во ЕУ, а во 2024 година на пазарот на ЕУ влегле околу 4,6 милијарди пратки со мала вредност.

Во мај 2023 година, Комисијата предложи реформа на царинската унија, со која, меѓу другото, се предвидува воведување царини за стоки вредни помалку од 150 евра.

Во тек се преговори меѓу Европскиот парламент и Советот за конечниот текст на овој закон.

Комисијата ги повикува и двата созаконодавци да постигнат договор што е можно поскоро.

Според предлогот на Комисијата, спроведувањето на реформата треба да започне во 2028 година.

e

TRT Balkan / агенции
Популарни