Земјите членки на ЕУ како целина во последните 20 години драстично го зголемиле извозот на лекови и медицински помагала, при што блокот значително го подобрил и позитивниот трговски биланс со намалување на соодносот на увозот на лекови од странство.
Во последните 20 години, сметано од 2002 година извозот на европски лекови се зголемил четирикратно. Тогаш блокот на европски земји остварил извоз на лекови вреден 50 милијарди евра. Сега, по две децении лекови со ЕУ знаменце во странство се продале во вкупна вредност од 287 милиони евра.
И пред две децении немало дефицит во трговската размена во категоријата на лекови и фармакологија. Така во 2002 година биле увезени лекови во вредност 32 милијарди евра.
Според најновите податоци на Евростат, во 2022 година биле увезени лекови вредни 175 милиони евра, што истовремено претставува и најголем износ во последните 20 години.
Позитивниот биланс говори дека е зголемен трговскиот суфицит во однос на поголемиот извоз отколку увоз на лекови во ЕУ. Во 2002 година увозот изнесувал 64% од извозот, додека пак во 2022 година, позитивниот биланс е подобрен, па така увозот покрива за 4% помалку од извозната вредност на европски лекови.
Најголем извозник на лекови поединечно е Германија која во 2022 година на контото на продажба остварила прилив од 68 милијарди евра, потоа следи Белгија со извоз вреден 56 милијарди евра, а во големата петорка влегуваат Ирска со 42 милијарди евра и Холандија и Италија со по 22 милијарди евра.
Најголем увозник на лекови е Белгија, во која влегле фармацевтски стоки вредни 21 милијарди евра, Германија со увоз од 19 милијарди евра, Холандија увезла стоки вредни 18 милијарди евра, во Шпанија увозот за 2022 година вредел 10 милијарди евра, а Италија ја заокружува оваа петорка со увезени лекови од 9 милијарди евра.
Најчеста дестинација на извоз на лекови надвор од европскиот блок е САД, каде биле извезени една третина од лековите со речиси 33%, во Швајцарија уделот на извозот од ЕУ изнесува 13%, потоа следи Велика Британија со 7% и Кина и Јапонија со по 6%.