Компанијата од САД претходно во вторникот изјави дека повеќе нема да издвојува средства за развој на такси без возачи / Photo: AP

Јапонската компанија Хонда денеска соопшти дека се повлекува од најавениот заеднички проект со американскиот производител на автомобили Џенерал Моторс за развој на автономни такси возила.

Компанијата од САД претходно во вторникот изјави дека повеќе нема да издвојува средства за развој на такси без возачи, додавајќи дека растот на овој бизнис бара многу време и ресурси.

Според првичниот план, двете компании планираа да започнат со производство на автономни такси во Токио во 2026 година.

Планираното возило беше означено како автономно возило на ниво 4, што значи дека возилата се целосно автоматизирани под одредени услови.

Јапонија заостанува зад Соединетите Американски Држави и Кина во воведувањето на такси без возач, а во исто време поради се помалиот број на жители недостигаат возачи во сообраќајот, додава јапонската агенција.


TRT Balkan / агенции
Популарни