Министерството, исто така, предлага мерки за ограничување на доминацијата на Гугл во областа на рекламирањето / Photo: Reuters

Министерството за правда на Соединетите Американски Држави предлoжило мерки со кои ќе се принуди технолошката компанија Гугл да продаде некои делови од својот бизнис, пишува порталот Тех Кранч.

Како што е наведено, Министерство за правда и коалицијата на државни обвинители му предложиле на судот низа решенија за разбивање на монополите на Гугл во пребарувањето и рекламирањето.

Властите на САД тврдат дека треба да се разгледа одвојувањето на прелистувачот Хром, продавницата за апликации Гугл Плеј или оперативниот систем Андроид од компанијата Гугл.

Покрај тоа, се наведува дека стандардните договори за пребарување, пред-инсталација и споделување на приходите треба да се ограничат или укинат.

„Ограничете ја контролата на Гугл врз новите технологии за пребарување, вклучително и функциите кои ги активира вештачката интелигенција. Имплементирајте програми за едукација на корисниците за да промовирате информирани избори од страна на пребарувачите“, се наведува во предлогот.

Министерството за правда на Соединетите Американски Држави, исто така, предлага мерки за ограничување на доминацијата на Гугл во областа на рекламирањето, пристапот до податоците и нивната употреба, како и чекори за спречување на проширување на монополот за пребарување наГугл.

Компанијата Гугл одговори со соопштение на својот блог во кое се наведува дека предлогот на Министерството за правда на САД е „радикален и сеопфатен“ и предупреди дека може да има негативни последици за американските иновации и потрошувачите во САД.

„Светот моментално води битки за развој на вештачка интелигенција (ВИ), а последното нешто што му треба на Гугл во овој момент е да се бори со „едната рака врзана зад грб“ од регулаторите, пишуваат аналитичарите на компанијата Бернстин.


TRT Balkan / агенции
Популарни