Лани во земјите од Европската Унија биле произведени над 3 милијарди литри сладолед, и забележан е раст од 5% на годишно ниво. Сладоледот е омилен летен десерт за многумина во текот на жешките температури, а потрошувачката постојано се зголемува.
Најголем европски производител на сладолед е Германија, која во 2022 година произвела 620 милиони литри сладолед, додека пак најголем извозник е Франција која лани извезла 53 милиони килограми сладолед надвор од ЕУ блокот.
Во Германија забележана е и најниска просечна цена на сладоледот. Според податоците на Евростат еден литар сладолед во Германија чини 1.5 евра.
Франција е на второ место според производство на сладолед со произведени 591 милиони литри и со просечна цена од 1.9 евра за литар сладолед.
Италија, земјата на џелатото, е на третото место според производство на сладолед. Италијанците произвеле 571 милион литри сладолед во 2022 година и имаат просечна цена на литар сладолед од 2.3 евра.
Најскапиот произведен сладолед е во Австрија со цена од 7 евра за литар сладолед, а меѓу најскапите се и Данска и Финска, со цени од 4.4 евра до 2.8 евра за литар сладолед.

Франција најголем извозник на сладолед
На европско ниво најуспешна земја според вкупниот извоз на сладолед е Франција. Во 2022 година биле извезени 53 милиони килограми сладолед, што претставува речиси една четвртина од целиот извоз на сладолед од ЕУ.
Европските производители на сладолед успеале да генерираат речиси една милијарда евра приходи од извоз на сладолед надвор од рамките на ЕУ. Вкупно биле извезени 250 милиони килограми сладолед со приход од 930 милиони евра.
Холандија извезла 42 милиони килограми сладолед, потоа следува Италија со извоз од 31 милион килограми сладолед, Германија има забележано извоз од 28 килограми сладолед, а големата петорка ја заокружува Белгија со извоз од 23 килограми тони сладолед.
Во ЕУ биле увезени околу 61 милион килограми сладолед надвор од блокот со вредност од 203 милиони евра во 2022 година и е намален за 14% на годишно ниво.