Туркије за период од нешто помалку од 20 години успеа целосно да го трансформира воздушниот сообраќај на патници, драстични надградувајќи ја мрежата на летови која прерасна во најголема во светот за цивилно воздухопловство
Од 60 дестинации до 50 држави во 2003 година сега од Туркије може да полетате кон 130 држави во преку 340 дестинации на земјината мапа, посочува турското Министерство за транспорт и инфраструктура.
„Туркије има потенцијал да стане светски транзитен центар и презема значајни напори во воздухопловството од 2002 година наваму“, истакна министерот Адил Караисмаиоглу.
Благодарение на инвестициите во воздухопловството и законската рамка која ја регулира оваа област, Туркије бележи надпросечен раст споредено со конкуренцијата во светот.
„Ние презедовме водечка улога во Евроазија со ефективни, активни и планирани инвестиции спроведени во воздухопловната политика веќе 20 години“, вели Караисмаиоглу.
Во истиот период, бројот на аеродроми се зголеми повеќе од двојно од 26 аеродроми во 2003 година на 57 аеродроми кои денес се во функција.
Гледано само за ноември 2022 година воздушниот сообраќај во Туркије забележа раст за 16,2 отсто со 147.937 воздухоплови на годишно ниво, а месецов биле опслужени 13,56 милиони патници, што е за 21,4 отсто повеќе споредено со истиот период лани, истакна Караисмаиоглу.