Глобалната побарувачка за јаглен ќе се зголеми на рекордни 8,39 милиони тони / Фото: AP

Светската побарувачка за јаглен годинава ќе биде на историски највисоко ниво, а најголеми купувачи се азиските земји.

Според проценките на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА), глобалната побарувачка за јаглен ќе се зголеми на рекордни 8,39 милиони тони во 2023 година.

Кина, Индија и Југоисточна Азија имаат удел од 75 отсто од светската побарувачка на јаглен, а само Кина има удел од 56 отсто.

Според порталот oilprice.com, овие податоци се во спротивност со популарниот наратив на Запад за растот на глобалната побарувачка за чиста, еколошка енергија од обновливи извори и падот на побарувачката на јаглен, кој најмногу ја загадува животната средина.

Овој тренд е присутен на Западот, но не влијае премногу на растечката побарувачка во азиските земји.

„Европа го намалува производството на електрична енергија на јаглен за да ги исполни целите за зелена транзиција, но Кина и Индија продолжуваат да отвораат дополнителни капацитети“, соопшти брокерската куќа Симпсон Спенс Јанг (ССИ).

Според експертите на оваа компанија, 86 отсто од кинеските централи не се постари од 20 години, а 52 отсто од електраните се стари меѓу 10 и 20 години.

TRT Balkan / агенции
Популарни