Европа планира да го удвои купувањето на природниот гас од Азербејџан      Фото: Ројтерс

Европа планира да го удвои купувањето на природниот гас од Азербејџан. Но, и покрај тоа што се потпиша договор за добра волја во однос на ова прашање, според договорот потпишан меѓу Анкара и Баку за Трансанадолскиот гасовод за природен гас (ТАНАП), правото на прво користење на дополнителниот капацитет ѝ е дадено на Туркије (Турција).

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и еврокомесарот за енергетика, Кадри Симсон, потпишаа договор за добра волја за зголемување на набавката на природен гас од Азербејџан.

Во вчерашната изјава Фон дер Лајен истакна дека ЕУ се движи кон посигурни добавувачи на енергија и дека Европа ќе продолжи да работи на замена на рускиот гас.

Но, според ставовите 8 и 9 од 7. член од меѓувладиниот договор потпишан на 26 јуни 2012 година, доколку стане збор за проширување на капацитетот и зголемување на снабдувањето поврзани со ТАНАП, приоритет ќе ѝ се даде на Туркије.

Во ставовите 8 и 9 од 7. член од меѓувладиниот договор пишува: „Државите се согласуваат дека целиот природен гас на Република Азербејџан, кој се планира да се транспортира преку системот ТАНАП, со почетен волумен од повеќе од шеснаесет (16) милијарди кубни метри годишно, најпрво ќе биде понуден на купувачите во Туркије. Проширувањето на системот ТАНАП над почетниот капацитет од триесет и две (32) милијарди кубни метри годишно ќе биде предмет на заеднички договор на државите.“

Според тоа, за дополнителниот природен гас што Европа сака да го купи од Азербејџан, прво треба да се договори со Туркије и да биде одобрено од Анкара.

Исто така, потребни се дополнителни инвестиции за зголемување на гасот што се испраќа во Европа од Азербејџан, кој има 1,3 билиони кубни метри резерви на природен гас.

Годишниот капацитет на ТАП, кој е европскиот крак на ТАНАП, изграден во рамките на Јужниот гасен коридор и неговиот капацитет, изнесува 10 милијарди кубни метри. Се планира капацитетот на гасоводот ТАП да се удвои.

Европа годишно купува околу 155 милијарди кубни метри природен гас од Русија. Доколку купува многу повеќе гас од Азербејџан, може да има некоја значителна замена.

Европа сака зголемување на капацитетот на Јужниот гасен коридор. Технички е можно да се зголеми капацитетот на ТАП од 10 милијарди кубни метри на 20 милијарди кубни метри.

Зголемувањето на капацитетот на ТАНАП од 16 милијарди кубни метри на 24 милијарди кубни метри, а потоа и на 31 милијарда кубни метри, се смета за цел која е можно да се постигне преку инвестиции.

Но, овие цели не е можно да се реализираат за помалку од пет години, бидејќи иако се инвестира за зголемување на капацитетите, потребни се дополнителни протоколи и договори.

Имајќи предвид дека и Азербејџан треба значително да го зголеми производството на природен гас, се очекува земјата во блиска иднина да не биде во можност да помогне за значително намалување на зависноста на Европа од рускиот гас.

AA
Популарни