Бројот на превезени патници од „Туркиш ерлајнс“ се зголеми за 2,1 отсто на годишно ниво, односно на 83,4 милиони во 2024 година, се вели во соопштението на авиокомпанијата.
Турскиот национален авиопревозник опслужи 31,7 милиони меѓународни патници, што е за 6,4 отсто повеќе.
Се истакнува дека факторот на носивост се намалил за 0,4 процентни поени на 82,2 отсто на годишно ниво во 2024 година и се додава дека тој за меѓународните летови изнесува 81,8 отсто, а за домашните летови 85,8 отсто.
Авиокомпанијата, исто така, превезе два милиона тони товар и пошта, што е зголемување за 20,6 отсто од минатата година.
Само во декември превезени се 6,4 милиони патници, што е за 5,3 отсто повеќе од тој месец во 2023 година.
Заклучно со декември 2024 година авиопревозникот имаше флота од 492 авиони.