„Туркиш Ерлајнс“ превезе рекорден број патници во мај / Photo: AA

Турската авиокомпанија „Туркиш Ерлајнс“ (Турк хавајолари) во мај превезе рекордни 7,4 милиони патници што се најдобри перформанси на превозникот во месецот досега, се вели во соопштението испратено до Платформата за јавно информирање на Туркије (КАП). Бројот на патници се зголеми за 16 отсто, во однос на 6,4 милиони патници во мај 2022 година.

Авиопревозникот забележа годишен пораст од 11,3 отсто на патниците на меѓународните линии, достигнувајќи 4,5 милиони во мај. Бројот на домашни патници се зголеми за 24,4 отсто, и изнесува 2,9 милиони во истиот период. Факторот на оптоварување на патниците, или зафатеноста на седиштата, се зголеми на 81,8 отсто во мај, односно 80,7 отсто на домашните летови и 82 отсто на меѓународните летови. Оваа бројка изнесуваше 80 отсто во мај 2022 година.

Обемот на карго и поштенски сообраќај што ги превезуваше падна за 6,6 отсто на 134.500 тони во истиот период. До крајот на мај, бројот на авиони во флотата беше 417, се додава во соопштението.

Во периодот јануари-мај, авиокомпанијата превезе 31 милион патници, што е пораст од 29

отсто од минатата година. Превезените патници во странство се зголемија за 49,2 отсто на годишна основа и изнесува 11,6 милиони во период од првите пет месеци оваа година.

Факторот на оптоварување од почетокот на година достигна 81,1 отсто, се вели во соопштението.

Пренесеното карго и пошта се намали за 9,6 отсто, на речиси 608.100 тони во периодот јануари-мај.

TRT Balkan / агенции
Популарни