Заканите на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување царини за ЕУ негативно влијаеја на европските производители на автомобили, бидејќи индексот на автомобилската индустрија Stoxx Europe 600 падна на најниско ниво во последните две недели за 4,1 отсто, додека акциите на производителите на автомобили го следеа примерот.
Акциите на Фолксваген, Волво, Дајмлер Трак, Порше и БМВ паднаа за повеќе од пет отсто, додека акциите на францускиот производител на автоделови Валео паднаа за речиси 8 отсто.
Германскиот индекс DAX 40 го прекина својот пораст до нов рекорд како што ескалираа трговските војни, паѓајќи за 2 отсто претходно во понеделникот.
Трамп во саботата Трамп потпиша извршна наредба за воведување дополнителни царини од 25 отсто за увоз од Мексико и Канада и 10 отсто за кинески производи, а се закани ѝ на ЕУ со царини, наведувајќи го трговскиот дефицит со САД како причина.
Аналитичарите проценуваат дека царините на Трамп ќе влијаат на околу 8,2 милијарди долари во приходите на Фолксваген и околу 16,4 милијарди долари на приходот на авто-групацијата Стелантис.
Канада и Мексико произведуваат околу 5,3 милиони лесни возила, од кои 70 отсто се продаваат на американскиот пазар.
Повеќето возила произведени во САД користат делови од Канада или Мексико, што значи дека тарифите за овие компоненти ќе ги зголемат трошоците за производство на возила во САД.
Наводно, САД увезле околу 3,6 милиони лесни возила од Мексико и Канада во 2024 година, што претставува 22 отсто од сите продадени возила во Америка.
Мексико е најголемиот извор на увоз на лесни возила во САД, пред Јапонија, Јужна Кореја и цела Европа.
Тарифите би можеле да влијаат на приходите на големите производители на автомобили кои работат во Северна Америка.
Форд и Џенерал Моторс произведуваат возила во Канада и Мексико речиси еден век, додека Фолксваген работи во Мексико од 1967 година.
Тарифите на Трамп се очекува да ги погодат и другите производители на автомобили, како што се Нисан, Стелантис, Хонда, Тојота и Хјундаи.