Редовно наоѓање време за малку сон во текот на денот е добро за мозокот и му помага да остане поголем подолго време, велат научниците од Универзитетскиот колеџ во Лондон.
Тим од научници покажа дека мозокот на луѓето кои имале кратка дремка во текот на денот е поголем за 15 кубни сантиметри - што е еквивалент на одложување на стареењето меѓу три и шест години. Научниците препорачуваат оваа дремка да биде пократка од половина час, објави Би-Би-Си (BBC).
Но, краткиот дневен сон е предизвик за секоја кариера бидејќи е доста тешко да се спие на работа.
„Ние сугерираме дека секој може потенцијално да доживее некаква корист од дремењето“, рече д-р Викторија Гарфилд. Таа ги опиша наодите како „прилично нови и возбудливи“.
Д-р Гарфилд вели дека советот за кратки дневни дремки е многу полесен за спроведување отколку, на пример, губење на тежината или вежбање, што на многумина им е тешко.
Мозокот природно се намалува со возраста, а дали дневниот сон може да спречи болести како што е Алцхајмеровата болест, останува прашање за друга студија.