Нетретираната апнеја при спиење може да доведе до разни здравствени компликации, вклучувајќи кардиоваскуларни проблеми / Photo: Getty Images

Американската агенција за храна и лекови (ФДА) го одобри лекот Зепбаунд (Zepbound) на Ели Лили како прв лек за третман на опструктивна ноќна апнеја (ОСА) што се издава на рецепт.

Зепбаунд, кој има слично дејство како Оземпик (Ozempik), лек за третман на дебелина и дијабетес произведен од Ново Нордиск, е одобрен за третман на апнеја, односно краткотрајно прекинување на дишењето за време на спиењето кај пациенти со дебелина.

За подобри резултати, лекот треба да се користи со паралелно зголемување на физичката активност и намалување на внесот на калории.

Претседателот на одделот за кардиометаболичко здравје на Ели Лили, Патрик Џонсон, истакна дека многу случаи на ОСА не се доволно дијагностицирани и третирани.

Запбаунд е првиот лек кој значително ја подобрува умерената до тешка опструктивна ноќна апнеја и помага долгорочно за губење на тежината кај возрасните дебели лица.

Краткорочното прекинување на дишењето во сон се случува кога дишните патишта се блокирани за време на спиењето, што го оневозможува дишењето и го намалува нивото на кислород во крвта.

По овие епизоди, во мозокот се активира рефлекс кој итно го буди пациентот и тој почнува да дише.

Според Медицинскиот центар Џон Хопкинс, помеѓу пет и 15 епизоди на апнеја на час се сметаат за благи симптоми на OСA, повеќе од 15 укажуваат на умерена и повеќе од 30 тешка опструктивна апнеја при спиење.

Нетретираната апнеја при спиење може да доведе до разни здравствени компликации, вклучувајќи кардиоваскуларни проблеми бидејќи го зголемува ризикот од висок крвен притисок, срцеви заболувања, нарушувања на срцевиот ритам и мозочен удар.

Нарушувањата на сонот, пак, може да резултираат со прекумерна дневна поспаност, намалена концентрација и нарушена меморија, а ОСА може да предизвика метаболички проблеми бидејќи е поврзана со отпорност на инсулин, нетолеранција на гликоза и зголемен ризик од развој на дијабетес тип 2.

TRT Balkan / агенции
Популарни