Градот Чефалу ги привлекува туристите со своето широко крајбрежје, песочни и карпести плажи, малите рибни ресторани и со арапско-норманската архитектура.     Фото: АА

Градот Чефалу, кој се наоѓа на северниот брег од италијанскиот регион Сицилија, 75 километри источно од Палермо, привлекува големо внимание меѓу домашните и странски туристи во летните месеци.

Чефалу ги привлекува туристите со своето широко крајбрежје, песочни и карпести плажи, малите рибни ресторани и со арапско-норманската архитектура.

И покрај малиот број жители, односно околу 15.000 луѓе, Цефалу е главна туристичка атракција во регионот кој привлекува милиони туристи од сите делови на Италија и остатокот на Европа. Во летниот период бројот на жителите се удвојува, што создава метеж на патиштата.

Градот Чефалу туристичка атракција на Италија     Фото: AA

Во него се наоѓаат многу градби кои вреди да се видат, како плоштадот Пјаца дел Дуомо и катедралата Чефалу, која е дел на листата на светското наследство на УНЕСКО од 2015 година и се смета за симбол на градот.

AA
Популарни